Facebook објави дека на десната страна од времепловот ќе прикажува теми во тренд, користејќи нова алатка која ќе биде прикажана со името Trending. За секој тренд ќе има прикажано краток опис со линк на кој откако ќе се кликне, се прикажуваат сите постови и објави кои се поврзани со тој термин. Со ова тие превземаат уште една можност на нивниот ривал Тwitter после хаштаговите, можноста за следење и сл.
Trending пред извесно време стана достапно за одредени корисници, кои го тестираа. Очигледно се покажал како добра опција, па ќе го гледаме и во живо. Работи со алгоритам, кој ќе прпознава нагло пораснување на популарноста на некои теми. Листата која ќе се појавува е персонализирана врз основа на интересите на корисниците и што е популарно на Facebook.
Барем засега не е планирана промотивна содржина. Опцијата за корисниците од САД, Канада, Обединетото Кралство, Индија и Австралија веќе ќе почне да се прикажува во текот на наредните недели. Очекувам да видиме како ќе се покажа за нив, како корисници со англиски јазик.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk