Натпревар на неверојатни аквариумски пејзажи – меѓу учесниците, и Македонец

Неодамна, се одржа интернационалниот натпревар на аквариумски дизајн за 2013-та. Меѓу учесниците, најдовме и Македонец.

Дисциплината, позната како aquascaping, од многумина сметана и за спорт, е скапа, бара многу посвета, многу работа, но и познавања од повеќе области. За да бидете успешен аквариумски дизајнер, треба да поседувате експертско познавање на биологија, дизајн и фотографија. Сепак, можеби основен предуслов е да бидете експерт во чекање – подводните дизајни знаат да одземат и по неколку месеци додека да се оформат во комплетен пејзаж. Сите растенија се органски (природни), а секакви вештачки декорации отпаѓаат од игра.

Интернационалниот натпревар, наречен International Aquatic Plants Layout Contest (IAPLC), претставува најголема шанса за да се здобиете со признанието за најдобар аквариумски дизајнер, а секоја година учествуваат стотици натпреварувачи од светот. До сега, учесниците од источноевропските и азиските земји се покажаа како најдобри и редовно доминираат на првите места.

Оваа година, победник е Серкан Четинкол од Турција, со својот 150-литарски аквариум. Потребно време – 4 месеци.

eepadc2013_82[1]

Меѓу учесниците, на 120-тото место според гласовите на жирито, успеавме да најдеме и претставник од Македонија. Еве го аквариумот на Бошко Митевски од Скопје. Зафаќа волумен од 52 литра, а му биле потребни 4 месеци.

eepadc2013_4[1]

 

Следува остатокот од најдобрите 10, редоследно, според бројот на гласови:

2 3 4 5 6 7 8 9 10

Многу повеќе, тука.

- Реклама -