Сопственик на центар за јавање денеска пред зградата на Националното собрание во Париз истури 20 тони ѓубриво во знак на протест против француските власти.
Камионот тежок 39 тони со кој е довезено ѓубривото е излепен со пароли: „Оланд и целата политичка класа – надвор! Да живее Шестата Република!“
Полицијата наведе дека инцидентот е изолиран и не е поврзан со ниту една синдикална организација.
Сопственикот на центарот за јавање во Ену, источна Франција, веднаш е уапсен.