Очигледно карактерот на човекот зависи од тоа, во кој дел од денот се родил. Барем така тврдат астролозите.
Помеѓу 00:00 и 2:00 часот во текот на ноќта
Во тоа време од денот се раѓаат најзабавните луѓе, оние кои се наоѓаат под закрило на планетата Меркур. Тоа се децата-лидери, активни и енергични, кои секогаш се стремат да бидат во центарот на вниманието. На мајките на таквите деца астролозите им препорачуваат да ја развијат нивната способност за перцепција на информации, за да имаат успех во училиште и да формираат кај нив лидерски квалитети.
Помеѓу 2:00 и 4:00 часот
Во средината на ноќта се раѓаат емотивни личности. Ако детето ви се појавило на белиот свет меѓу 2.00 и 4.00 часот по полноќ, целиот негов живот ќе го помине како милениче на Венера. Планетата на љубовта ќе му ја подари способноста да заработува пари и да ги постигнува своите цели со работа и талент. Овие деца се многу човечни и благодарение на својата мекост и дружељубивост може да ја придобијат љубовта на оние кои ги опкружуваат и да го добијат посакуваното.
Помеѓу 4:00 и 6:00 часот
Ако детето се родило меѓу 4.00 и 6.00 часот, неговата планета-покровителка е Марс. Тоа е планетата на лидерите, која нужно ќе го поведе кон успеси. Децата родени во тоа време на ноќта, се независни, тврдоглави, чесни. За нив се погодни претежно раководните позиции. За да го зауздате малиот командант, воспитувајте го колку што е можно помеко, учете го да се доверува на другите деца и на возрасните.
Помеѓу 6.00 и 8.00 часот
Во тоа време од денот се раѓаат децата, поддржани од Нептун. Тоа се кревките и ранливи лица кои едвај ќе се упатат во битки за лидерската позиција. Тие побрзо ќе отстапат, отколку да се борат. Од такви деца се формираат луѓе со богат внатрешен свет, кои ја претпочитаат приватноста пред секуларниот живот.
Помеѓу 8:00 и 10:00 часот
Тогаш се раѓаат деца кои се под покровителство на Уран. Тие се деца кои гледаат во душата на човекот. Секогаш ги интересираат луѓето кои имаат потреба од помош, топол збор или едноставно од човечко општење. Главни квалитети им се хуманизмот и едноставноста. Често од такви деца стануваат луѓе кои активно учествуваат во добротворни настани.
Помеѓу 10:00 и 12:00
Од касното утро до пладнето владее Сатурн, кој им подарува на децата родени во тоа време принципиелност и дисциплинираност. Тоа се луѓе кои ставаат пред себе високи цели и поседуваат огромна активност и сила. Тоа се идните политичари, државни службеници и службеници.
Помеѓу 12:00 и 14:00 часот
Планетата Јупитер ги заштитува децата родени околу пладне. Тоа се луѓето – вечни патници по душа. За нив е важно да добиваат информации, да комуницираат со нови луѓе, да добиваат постојано свежи впечатоци. Тие имаат моќ да менуваат животи, да заминат во друга земја, или кардинално да ја променат својата професија. Добро е таквите деца да бидат подучувани кон дисциплина од најраното детство.
Помеѓу 14:00 и 16:00 часот
Ова е време на раѓање на силните деца. Тоа се часовите на Плутон, кој ги донира своите најдраги со вештина полесно да ги преживуваат неуспесите и животните тешкотии. Секој нов проблем со кој се соочува детето, го прави посилно и помудро. Такво дете нужно треба да се научи да си поставува соодветни цели и да му се покажува како да ги достигне.
Помеѓу 16:00 и 18:00 часот
Тоа е периодот на акција на Венера. Целиот живот на децата родени во овој јаз, е да ја најдат својата вистинска љубов. Со годините тие развиваат уникатни својства да ги разбираат другите луѓе. Многу често се поставуваат на нивното место и врз основа на тоа стигнуваат до вистинските заклучоци и до излез од ситуацијата. Леснотијата во комуникацијата и стремежот да ја најдат другата половина ги поттикнуваат кон премногу рани бракови.
Помеѓу 18:00 и 20:00 часот
Вечерта се раѓаат деца, на кои активно делува Меркур. Тоа е планетата на умот, идеите и новите потфати. Овие луѓе никогаш не се очајни, умеат да наоѓаат решение дури во безизлезна ситуација. Од такви деца растат предани пријатели. Такво дете треба да се научи да одлучува не само за туѓите проблеми, туку и за сопствените.
Помеѓу 20:00 и 22:00 часoт
По 20 часот почнува да делува Сонцето, кое ги донира децата родени во тоа време, со амбициознот. Тие нужно стануваат со текот на годините амбициозни, бараат авантури и задоволства. Многу од нив стануваат уметници, организатори, луѓе за кои личноста почит е најважното нешто во текот на нивниот живот. Задолжително задржете му го поттикот да се развива – нека пее и танцува, тоа е неговиот пат.
Помеѓу 22:00 и 24:00 часот
Тоа се децата, кои се наоѓаат под влијание на енигматската и променлива месечина. Родените во тоа време имаат филозофско подесување на умот, се стремат кон стабилност и хармонија. Уште од најраното детство тие се силно впечатливи и подложени на страв и сомневање, затоа треба да се посветува внимание на емотивната и психичката страна на нивното воспитување. За нив е тешко со сопствени сили да стигнат до мир и радост, треба да бидат научени да го разликуваат доброто и злото и да работат над адекватна евалуација на нивната реалност. Таквите луѓе не можат да работат само поради парите. Тие бараат во односите со колегите пред сè емотивна врска и спокојство.