Три-катниот Воздушен Кит собира 755 патници и има распон на крила од 88 метри.
Има три палуби а во случај на несреќа се расклопува на парчиња за помошно слетување- може да биде иднината на воздушниот сообраќај.
Наречен Воздушен Кит (Sky Whale), концептот на авионот е поставен да биде поголем од Ербас А380, наликува на вселенско летало и има „само-поправливи“ крилја. Авионот ќе ги подели патниците во три класи, секоја со своја палуба, во модерна верзија на строгата поделба на патници на Титаник.
Секој патник дополнително ќе има прозорец со виртуелна реалност за да биде забавуван за време на долгите летови.
AWWA Sky Whale беше создаден и дизајниран од страна на шпанскиот дизајнер Оскар Виналс. Закосените мотори ќе направат да биде возможно Воздушниот Кит да полета од место- и, според плановите, ако дојде до пад, секторот за патници ќе биде одделен од крилјата за да се намалат жртвите.
Леталото одговара си напредокот на технологијата со голем капацитет од 755 патници, што го прави економски оддржливо за авиокомпанија.
Виналс, кој е со седиште во Барселона, изјави дека Воздушниот Кит ќе биде изграден од напредни нови материјали направени од керамички или композиции на влакна.
Ќе има напредни „активни крилја“ придвижувани од хибриден турбо-електрично погонски систем што го прави многу поефикасен. Воздушниот Кит ќе има двоен труп што значи дека ќе може да лета подолго без дополнително гориво и ќе има микро соларни ќелии по крилните позиции, така што би можело да се користи енергија од сонцето.
Според Виналс, моторите можат да се навалат до 45 степени што значи дека ќе може да слета и на мали писти било каде во светот.
Ефектот на сета технологија е намаленост на задржување, тежина и потрошувачка, што го прави еден од најеколошките авиони кои можат да се замислат.