10 документарни филмови кои ви ги препорачуваме

Преку документарните филмови можеме да разбереме дека одредени ситуации кои се наведени во книга или претставени во игран филм не се фикција туку се вистинити и евидентирани факти. Документарниот филм ни е прозорец кон реалниот свет. Овие 10 приказни кои ви ги препорачувам се реални и полни со емоција и ќе ве запознаат со различни индивидуи, ситуации и чувства на нивните тешки, измачувачки, успешни, тажни, среќни и засмејувачки моменти од животот. Се надевам ќе одвоите дел од вашето време и ќе ги погледнете овие искрени 10 човечки приказни.

Boy Interrupted 2009

[youtube]http://youtu.be/dDNoWdyoGFY[/youtube]

Ова е фамилијарна приказна создадена од страна на родителите на Еван Пери кој на 15 години извршил самоубиство, боледувајќи од биполарност и депресија. Документарецот е искрен и емоционален приказ на членовите на семејството кои се бореле со состојбата на Еван и пробале да дадат се од себе. Режијата е на мајката на Еван, Дана Пери.

Kevorkian 2010

[youtube]http://youtu.be/WGPNr_urIXs[/youtube]

Доколку го гледавте телевизискиот филм “You Don’t Know Jack” кој ви го предложивме во филмскиот предлог “10 примамливи телевизиски филмови”, сега е време да го погледнете овој документарен филм за истиот карактер Џек Кеворкиан наречен д-р. Смрт. Во режија на Метју Галкин, овој документарец ќе ви помогне подобро да се запознаете со овој контроверзен човек кој бил осуден на девет години затвор поради асистенција на самоубиство.

The Times Of Harvey Milk 1984

[youtube]http://youtu.be/oZgCDsgbwjo[/youtube]

Во режија на Роб Епштајн ни доаѓа биографијата за Харви Милк, човекот кој направи големи измени во САД, неговата успешна кариера и атентатот на првиот избран советник- хомосексуалец во Сан Франциско. Овој документарец се здоби со Оскар за најдобар документарен филм.

The Woman Who Thinks Like Cow 2006

[youtube]http://youtu.be/I3Wxbu0YyXs[/youtube]

Документарна биографија на Темпл Грандин, аутистична жена која почна јавно да зборува за својата состојба и да напредува станувајќи една од најдобрите научници во областа на индустријата за хумано ракување со добиток. Овој документарец е 50 минутна епизода на BBC – Horizon.

The Suicide Tourist 2007

[youtube]http://youtu.be/pJwXNyAkM6E[/youtube]

Оскаровецот, канадскиот режисер Џон Заритски има ексклузивен пристап во Дигнитас, првото место во светот кое се наоѓа во Цирих, Швајцарија каде луѓето кои сакаат да го прекинат својот живот, може да им се помогне да го направат тоа, без разлика од каде се и каква е нивната здравствена состојба.

Children Underground 2001

[youtube]http://youtu.be/–v4tUFOQYs[/youtube]

Номиниран за Оскар, филм на Едет Белзберг кој зборува длабоко интимна и емотивна приказна за бездомните деца и нивниот опстанок на улиците во Букурешт, Романија.

The Bridge 2006

[youtube]http://youtu.be/Zwl-Pa_QT0M[/youtube]

Ерик Стил ја истражува митската убавина на Голден Гејт Мостот во Сан Франциско кој е најпопуларното место за самоубиство. Тој поставува камери на мостот и разговара со блиските на луѓето кои извршиле самоубиство скокајќи од мостот.

How To Die In Oregon 2011

[youtube]http://youtu.be/_F-525sCzhE[/youtube]

Во 1994 година Орегон стана првата држава во САД која ја легализира асистенцијата на доктор при самоубиство. Во тоа време само Белгија, Швајцарија и Холандија ја легализираа праксата. Овој документарец во режија на Питер Ричардстон раскажува интимна приказна за луѓето кои се инволвирани во праската денеска, смртно болни, нивните семејства, доктори и пријатели.

Not My Life 2011

[youtube]http://youtu.be/1L645wppkBc[/youtube]

Овој документарен филм снимен на пет континенти, во десетина земји ни дава суров и дехуманизирачки поглед кон трговијата со милиони деца кои се експлоатираат на различни начини, вклучувајќи принудена работа, сексуална експлоатација, деца принудени да бидат војници итн… Документарецот е во режија на Роберт Билхајмер и Ричард Јанг.

/Мк.код

- Реклама -