Confide е новата iOs апликација која слично како Snapchat овзоможува да испраќате пораки со тајна содржнина, односно може да ја прочитаат само оние на кои им е наменета со зголемено нивно на безбедност.
Сепак за разлика од Snapchat за кој се смета дека се користи за испраќање на „швалерски“ пораки кои по 10 секунди само се бришат, Confide е наменет за бизнис корисниците и заштита на деловната коренсподенција.
Во модерното доба компаниите и корпорациите исто така се на мета на хакерски напади и засилена индустриска шпионажа што може да му наштети на бизнисот со откривање на деловните тајни, стратегии и планови.
Со апликацијата Confide текст пораките се заштитени со двојна енкрипција и откако ќе бидат прочитани од тој за кој се наменети се бришат автоматски. Исто така не се прикажува целата содржина па корисникот морa да ја отвори со лизгање низ екранот. Confide може да ја превземете од App Store.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.mk