Францускиот автомобилски гигант Рено ја објави првата официјална информација за обновената верзија на луксузниот патнички модел Espace.
Освежена е четвртата генерација на авангардниот моноволуменец, кој може да се пофали со 28 години пазарно присуство и повеќе од 1,2 милиони продадени автомобили. Обновената верзија на Espace пристигнува со целосно променет преден дел, што му дава на автомобилот нов стајлинг и поголема динамичност.
Во склад со трендовските зафати, од Рено и овде интегрирале поголемо лого. Ова е, велат од компанијата, за почеток сосема доволно, а ветуваат дополнителни информации за Espace на почетокот на јули.
Објавено во соработка со Авто Плус.