По Катанец – Марадона во ОАЕ

Новиот претседател на Фудбалскиот сојуз на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Јусуф ел Серкал изјави дека аргентинската легенда Диего Армандо Марадона е главниот кандидат за функциијата селектор на националниот тим на оваа земја.

Марадона во моментов е тренер на локалниот прволигаш Ал Васл од Дубаи.

„Тој е веќе со семејството во Емиратите. Не можеме да замижеме пред фактот дека едно такво фудбалско име ни е пред носот. Мора да го разгледаме неговото вклучување во репрезентацијата“ – изјави Ел Серкал.

Марадона пред две години беше селектор на Аргентина, но замина по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Јужна Африка. Селекцијата на ОАЕ нема селектор уште од минатата година кога поранешниот македонски селектор Среќко Катанец доби отказ поради лошите резултати во квалификациите за СП.

Прочитајте и:  Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -