Животот секогаш не соочува со различни препреки кои ни изгледаат како ќор-сокак. Во светот сепак постојат луѓе кои знаат како да се справат со проблемите на невообичаен и креативен начин.Пример за тоа е малиот Тео Карни, за кого ќе ви раскажеме денес.
5-годишниот Тео не вкусил вистинска храна откако наполнил 3 години. Причината е ретко стомачно заболување, поради што тој враќа сè што ќе изеде. Тео се храни исклучиво со течности, кои се влеваат во неговото тело со специјална цевка, а на тој начин се избегнува контакт со дигестивниот тракт.
Малиот Тео не може да се храни нормално, но сепак сонува да стане најдобриот готвач и веќе прави неверојатни колачи. Се започнува од желбата на неговите родители да ја компензираат болеста на детето со позитивни емоции и креативни активности.
Откако детето ка поминало првата операција, станало јасно дека тој цел живот ќе носи на својот „грб“ ќеса со единствена храна која може да ја конзумира – течната. Тогаш неговите родители и лекарите од клиниката во која бил сместен одлучиле да ја претворат храната во игра и забава за Тео.
„Никогаш не сме се криеле од него, кога се храниме, напротив – секогаш сме го оставале да биде во кујната и сме го ставале на масата со нас” – вели мајката на Тео. Ова му овозможува да не се чувствува изолиран и кога неговите родители посетуваат различни ресторани. Тео го прослави својот роденден со торта, која сам ја приготвил. Неговиот омилен готвач е Џејми Оливер, а 5-годишниот Карни обожава да се врти во кујната, каде подготвува сам или и помага на мајка си.