Страствен читател е една од најдобрите работи кои една личност може да биде. Не само што читањето литература го подобрува интелегенцијата и функционирањето на вашиот мозок, исто така ви овозможува да искусите други култури.
Меѓутоа има неколку „досадни“ ситуации со кои љубителите на книгата треба да се соочат. Кога е во ред да се откаже од просечен роман? Кој е најефикасниот метод за организирањето книги на полиците? Дали е во ред да се критикува нечиј избор на читање? Овие и уште неколку каприциозни проблеми се можеби едниствените недостатоци кај љубовта кон книгите.
1. Наоѓањето на удобна позиција за читање е бескрајна потрага. Стол или кревет? Седнат на страна или легнат?
2. По пат, во автобус, авион, можете неодлучно да се мислите дали да пуштите светло додека сите други дремат.
3. Да се пресечеш од лист можеби изгледа како мала повреда, но болаката може да биде ужасно голема.
4. Одење и читање во исто време бара координација меѓу око-рака, со која само професионалните спортисти биле надарени.
5. Што по ѓаволите треба да се прави со дополнителната навлака на книгата додека ја читаш? Да се остави и да се ризикува да се оштети? Да се извади и да се стави во чуден ќош, каде никогаш нема да ја најдете повторно?
6. Одлучувањето што да се чита е избор кој тешко се прави од огомното изобилтво литература.
7. Фонтот и должината на страницата можат сериозно да влијаат на вашето читателско искуство, понекогаш и на полошо.
8. Една книга може да биде составена од најлошото дрдорење што некогаш сте го погледнале, а сепак чуствувате голема вина кога ќе го ставите на полицата на „Јас никогаш нема да го дочитам ова. Никогаш.“
9. Ќе жалите за времето кое сте го потрошиле во минатото; со сите оние часови поминати на Фејсбук или Твитер сте можеле да прочитате некои од големите и брилијантни дела на Достоевски.
10. Завршувањето на книгата која ја сакате е како да велите збогум на добар пријател. Сте поминале толку многу заедно. И кога повторно ќе се соеднините, нема да биде исто искуството.
11. Постојано ја премислувате стратегијата за вашата полица книги. Дали да ги организирате по боја, големина или попрактичен пристап, како распоред по азбука?
12. Вашето расположение е директно поврзано со содржината на книгата која ја читате.
13. Ги носите дома пронајдените книги како напуштени кученца, „можам да ја заджам?“
14. Едноставно не може да се одмине книжарница. Мора да се ѕирне што избор има, и обично завршува со купување уште неколку нови книги.
15. „Јас не читам книги“ е исто како да кажете „Ја мразам мајка ми“ или „Уживам во мачење на мачиња“.
16. Можно е да бидете сопственик на две (или три) примероци од иста книга. Не можете да оддолеете на нивните редизајнирани корици.