Пораката што ја пренесе 78-годишен билдер

Ако постои  нешто што е потребно да ве мотивира  да се откажете од месото и животниските  производи во услуга на веганството, сметаме дека го најдовме.

Запознајте се со 78-годишниот бодибилдер – веган Џим Морис, кој е најстариот претставник на PETA.

Џим е позира како статуата „Мислител” за PETA, кога бил на 77 години, како дел од нивната  рекламна кампања „Мисли пред да јадеш”.

Рекламниот постер кој го гледате тука, треба да ги охрабри луѓето да бидат здрави откако ќе  станат вегани, со што ќе се намали ризикот од дебелеење, срцеви болести, рак, дијабетес и мозочен удар.

Џим вели дека неговото здравје значително е подобрено, откако се откажал од натпреварувачкиот бодибилдинг во 1985г – што се должи на неговата одлука да стане вегетаријанец.

„Прехранбените производи содржат  масти, хемикалии и секакви материи кои се штетни за вас.” , вели тој во интервју за PETA.

JimMorrisVERT300

„Кога се натпреварувам и се хранев со такви работи, страдав од многу стомачни проблеми. Имав запек, бев подуен и се чувствував лошо цело време … Сигурно немаше да бидам тука денес и тоа во такво добро здравје, ако продолжев со овој начин на живот. ”

Откако ги променил  прехранбените навики, тој почнал да се чувствува подобро. Џим ги охрабрува сите останати да станат вегани, за да се чувствуваат и тие како него.

„Млекото е за бебиња. Луѓето, колку што знам, се единствените животни на планетата, кои продолжуваат да пијат млеко откако престануваат да цицаат. Многу луѓе не сфаќаат дека ако престанат да пијат млеко и да консумираат млечни производи ќе се чувствуваат подобро од било кога. ”

Од PETA велат: „Луѓето кои стануваат вегани, помагаат не само на сопственото здравје – тие исто така спасуваат животни од сурово  страдање на фармите, брутализмот во кланиците и на палубите на рибарски бродови.”

- Реклама -