Тие се диктатори – ги управуваат земјите речиси еднолично , познати се по кршење на човековите права , цензурирање на печатот и опозицијата . И додека за светот се кошмар за некоја жена тие се сопругот , со кој живее . Погледнете кои се жените до современите диктатори :
Ана Паула дос Сантос сопругата на претседателот на Ангола Хозе Едувардо дос Сантос
Таа е поранешен модел. Се запознала со сопругот , додека била стјуардеса , а тој патник во авионот. Подоцна завршува право . Ја опишуваат како елегантна дама.
Дос Сантос управува од 34 години , од кои во 27 се води граѓанска војна. Постојат бројни сведоштва за злосторствата , масакри и репресии извршени со негово знаење.
Сабика бинт Ибрахим Ал Калифа
Таа е сопруга на Кралот на Бахреин , Хамад бин Иса Ал Калифа. Таа е првата сопруга на кралот. Имаат 4 деца . Таа е бранител на правата на жените , така што ги охрабрува да гласаат . Семејството на нејзиниот сопруг го управува Бахреин од 1783 година.
Во 2002 Хамад се прогласи за Крал , а пред тоа беше Емир . Amnesty International го обвинува за репресија и тортура на луѓе (вклучувајќи и деца) .
Шантал Бија
Сопруга на претседателoт на Камерун, Пол Бија. Позната е со стилот и особено со фризурата . Ги сака Dior и Chanel . Таа е помала од нејзиниот сопруг за 37 години и е член на клубот African Synergy – во кој членуваат сопругите на 22 претседатели во Африка . Нејзиниот сопруг управува со земјата од 30 години . Во 2008 година тој ги укина ограничувањата за ограничување на функцијата претседател , за да може да владее вечно .
Хидна Деби
Сопруга на претседателот на Чад, Идрис Деби Итно.
Таа е најпознатата прва дама во земјата ( сопругот бил оженет неколку пати ) . Нејзиниот сопруг доаѓа на власт со воен удар ( помогнат од САД) во 1990 година. Тој одигра клучна улога во ескалацијата на војната меѓу Чад и Судан , користejќи деца во армијата.
Константа Манге
Сопруга на претседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обијанг Нгуема Мбасого.
Основала агенција за заштита на правата на децата и жените .
Најголемиот нејзин син ќе ја преземе власта по сопругот.
Нејзиниот сопруг доаѓа на власт по државниот удар. За него зборуваат дека јадел делови од телата на своите непријатели , бидејќи верува дека така добива сила . Тој е на власт од 35 години , што е рекорд во Африка . Постојат гласини дека е болен од рак.
Зејнаб Сума
Таа е сопруга на претседателот на Гамбија, Јахја Џаме.
Во 2010 година нејзиниот сопруг зеде помлада втора жена , а таа замина за САД во знак на протест. Двајцата имаат две деца. За нејзиниот сопруг се зборува дека е параноичен и пратил многу луѓе од својот најблизок круг во затвор , само затоа што ги сомничел за „кроење“ на планови против него . Тој тврди дека може да лекува СИДА со билки. Според некои има биполарно ментално растројство .
Ранија Ал Абдула
Сопругата на Кралот на Јордан, Абдула Втори.
Родена е во Кувајт , а нејзините родители се Палестинци . Западните списанија ја фалат за нејзината убавина. Нејзиниот сопруг е во многу добри односи со САД .
Сара Назербајева
Сопруга на претседателот на Казахстан, Нурсултан Назербајев.
По професија е инженер . Неодамна зборуваше против посвојување на казахстанските деца во странство . Нејзиниот сопруг е на чело на земјата од 21 години. Тој е обвинет за цензура на медиумите , ограничување на слободата и др.
Ри Сол – Жу
Сопруга на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун
За неа се дозна едвај минатата година, откако нејзиниот сопруг навестуваше војна со САД. За неа не се знае речиси ништо , освен дека е од богато корејско семејство.
Џенет Каган
Сопруга на претседателот на Руанда, Пол Каган.
Таа се врати во родната Руанда по геноцидот од 1994 година. Се занимава со добротворна дејност .
Кралот на Саудистка Арабија, Абдула бин Абдулазис Ал Сауд има над 30 жени
Во Саудиска Арабија нема прва дама . Кралот има 30 жени . Во земјата бракот се користи за создавање на дипломатски односи . Неговиот татко се оженил за ќерките на сите локални лидери на племиња .
Самиот Ал Сауд има 35 деца од своите сопруги .
Тој го наследува престолот од неговиот татко во 2005 година. Во земјата нема никаква транспарентност на управувањето , се сечат глави за повеќето мали престапи .
Инкосикати ЛаМбиказа
Сопруга на кралот на Свазиленд, Мсуати Втори.
Таа е „првата жена” , од вкупно 15 . Се омажила за кралот на 16 годишна возраст . Завршила право , иако го нема право практикувано. Има издадено албум со госпел музика. Кралот има право да венчава нова жена секоја година. Четири жени избегале од харемот , поради „ малтретирање ” .
Асма Ал Асад
Сопруга на претседателот на Сирија, Башар Ал Асад.
Земјата е поделена од граѓанска војна , а личната состојба не претседателот веќе надмина 1 милијарда долари . Двајцата се запознале во Лондон , каде што таа работела во JP Morgan , а тој учел медицина. Се оженил непосредно откако ја преземал претседателската функција од неговиот татко во 2000 година.
Таа е контроверзна фигура поради зависноста со шопинг на скапа облека и фотографиите на Instagram .
Татјана Каримов
Сопруга на претседателот на Узбекистан, Ислам Каримов.
Двојката во моментов е поделена .
Постарата ќерка ја обвини во Twitter дека прави магии.
По професија првата дама е економист . Каримов е на власт од 1989 година.
Силија Флорес
Сопруга на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Пред 19 години ги запознал Хуго Чавез . Во тоа време таа била адвокат и дел од тимот на Чавез , а Мадуро негов телохранител .
Грејс Мугабе
Сопруга на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе.
Таа е помлада од својот сопруг со 41 година. Била негова секретарка , а во 80-тите години му станува љубовница . Сака да оди на шопинг во западните земји и да троши државни пари . Нејзиниот сопруг е на чело на земјата од 1980 година.