Нормално е да ви доаѓаат радост и желба постојано да прегрнувате бебе , но пред да го опсипувате со физичка љубов , еве неколку совети како правилно да го држите бебето.
Не заборавајте дека новородените бебиња се премногу кревки , а едно од најранливите места е вратот. Бидејќи бебето не може да ја држи главата горе во првите недели по раѓањето , важно е кога го држите в раце , придржувајќи ги вратот и главата.
Кога го држите детето хоризонтално , користете ја внатрешноста на лактот како потпора за главата на бебето. А кога го милувате вертикално , главата на бебето треба да се наоѓа под рамото и да ја држиме со едната рака цврсто кон градите .
Ако пак бебето ви е вознемирено додека го држите на раце , пробајте да го смирите така што ќе го повиете во фротирка, па ќе се чувствува сигурно и заштитено . Поврзаноста со топлината доаѓа од утробата , каде бебето поминало 9 месеци и е навикнато во тесниот простор . Затоа големиот свет може да го плаши во првите недели .
Кога пак го кревате бебето од детското креветче , на пример , користете ги двете раце со прстите под вратот кои претставуваат потпора за главата на новороденчето. Другиот начин е со едната рака да ја фатите главата на бебето , а со другата – задникот .