Положбата на спиење го открива вашиот карактер

sleepdete.jpg Дали знаете дека положбата на спиење ги открива Вашите карактерни особини? Токму така! Од положбата на спиење може да се дознае дали сте
срамежливи или отворени, тврдоглави или попустливи, дарежливи или
скржави…

Дали знаете дека положбата на спиење ги открива Вашите карактерни особини?
Токму така! Од положбата на спиење може да се дознае дали сте срамежливи или отворени, тврдоглави или попустливи, дарежливи или скржави…

Научниците кои досега ги истражувале положбите на спиење составиле листа од 6 најчести положби на спиење, поврзани со различни и специфични карактерни типови.

dormeosleep.jpg

Положбите се викаат Фетус, Греда, Копнеж, Војник, Слободен пад и Морска ѕвезда, а на оваа листа најпопуларна е положбата Фетус во која спијат дури 41% од луѓето.

Според некои теории, важно е и на која страна спиете. Па така…

Ако спиете свртени на левата страна, Вие сте:

  • неодлучни
  • сомничави
  • лојални
  • прилагодливи

Ако спиете свртени на десната страна, Вие сте:

  • ентузијасти
  • со натпреварувачки дух
  • посветени
  • авантуристи

Па сега размислете: дали спиете склопчени како фетус или истегнати како морска ѕвезда? Сакате ли да дознаете што открива положбата на спиење за Вашата личност? Кликнете тука и прочитајте ги тајните знаци на спиењето.

И не само тоа! Начинот на кој што спиете заедно со партнерот открива многу нешта и за Вашата љубовна врска! Затоа, без разлика дали сте „тазе“ во врска или сте „100 години“ заедно со Вашиот партнер, од заедничката положба на спиење можете да видите колку е силна Вашата љубов и дали со Вашиот партнер се „движите“ во иста насока. Ве заинтересиравме? Кликнете тука!

- Реклама -