„Бог да ме зачува од поголемиот број просечни мажи кои не се добри другари, од оние што се со ладни срца и ладни глави, кои не пушат цигари и не пијат алкохол, не пцујат, ниту пак се способни да сторат некои дела што се задоени со храброст, со омраза и презир, затоа што во нивното слабо тело никогаш немаше поттикнувања и нагони кои би ги пречекориле своите граници и би станале бесни и смели.Такви луѓе не можат да се сретнат по крчмите, ниту се собираат во борбата за пропаднатите работи, ниту се воодушевуваат на авантуристичките патишта, ниту љубат како што љубат лудите господови љубовници. Тие најмногу се грижат да им бидат нозете суви, загрижено внимаваат како им чука срцето и имаат безначајни животни успеси во сообразност со својата душевна просечност“.
Извадок од „Кралот Алкохол“
Џек Лондон