Во иднина ќе стане толку студено, што ледената прекривка ќе се прошири до денешните тропски предели, тврдат Јапонските научници.
Имено, според нив ние во моментов живееме меѓу две ледени доба, а веќе треба да се подготвуваме за нова. Јапонските научници, меѓу кои и познатиот океанолог Мотокака Накамура, истакнуваат дека на Земјата се регистрирани вкупно 15 ледени доба од по десет илјади години.
Тие врз основа на долгогодишно следење на климата во светот, тврдат дека сме на самиот влез во ново ледено доба, за што сведочат целосни пореметувања на досегашните климатски услови во разни делови на планетата.
Екстремно студен воздух во изминатите денови го зафати американскиот Среден запад, јужните и источните делови на САД, како и источна Канада. Таму беа измерени екстремно ниски температури што достигнуваа дури до минус 55 степени Целзиусови. Метеоролозите соопштија дека околу 187 милиони луѓе може да ги почувствуваат ефектите на „поларен вортекс“, постојан циклон присутен во близина на половите, кој се помалку успева да ја запре масата на студен и влажен воздух од Арктикот, и таа се шири на пониските географски ширини.
Крвавото сценарио што го прогнозираат е дека ќо иднина ќе стане толку многу студено, што ледената прекривка ќе се прошири до денешните тропски предели.