Рекордниот студ низ САД и Канада беше толку студен што буквално ги сопре Нијагарините водопади.
Колекција од спектакуларни фотографии кој го покажуваат моментот кога од страната на САД познатите водопади замрзнале пред да стигнат до дното.
Благодарение на замрзнатиот воздух и „поларниот вортекс“ кој ја претвори каскадната вода во мраз- и погодени се над 240 милиони луѓе во САД и јужна Канада- ќе започне кон крајот на оваа недела и ќе трае цел јануари додека не почне затоплувањето, според AccuWeather.com.
Неверојатните фотографии покажуваат замрзната магла распространета низ целиот предел околу Проспект точката на Нијагарините водопади и Виножито мостот, на кои се гледа цврстиот мраз под нив.
Вторникот беше денот кога рекордот за ладно беше поставен за Нијагара, а живата покажуваше застрашувачки -20 целзиусови степени, а во комбинација со студениот ветер, се чуствувало како -30 степени.
Некој би помислил дека ладното време ќе ги избрка туристите, но тие што уживале да снимаат фотографии се собраа да ја снимат оваа ретка состојба, која инаку не би биле во можност да ја фатат.
Природното чудо треба да се изгледа како што изгледало во 50-тите, според Environment Canada.
Според историските записи, во текот на само една година, 1848-ма година, студеното време предизвикало илјадници кубни метри вода во секунда да ја запрат реката Нијагара.
Едни од најраните слики кои покажуваат замрзнати водопади, во сепија тонови, се верува дека датираат од 1911-та или 1912-та година.