Механичка еволуција – роботи кои лажат!?

robotСе чини дека роботите кои се интелигентни и блиски до човекот, а кои ги гледаме на филмовите, не се само фикција. Роботите можат да еволуираат и да работат меѓусебно за да си помагаат, па дури и за да се измамат меѓусебно – вели Дарио Флореано, научник во Лабораторијата за Интелигентни Системи при Шведскиот Државен Институт за Технологија, за најновиот број на Discover Magazine.

robot1Се чини дека сите оние работи за роботи кои се интелигентни и блиски до човекот кои ги гледаме на филмовите се се поблиску и поблиску. Роботите можат да еволуираат и да работат меѓусебно за да си помагаат, па дури и за да се измамат меѓусебно – вели Дарио Флореано, научник во Лабораторијата за Интелигентни Системи при Шведскиот Државен Институт за Технологија, за најновиот број на Discover Magazine.

Флореано и неговите колеги вршеле експерименти на мали роботи кои емитираат и примаат светлосни сигнали. Истите биле програмирани со по 30 „гени“ (елементи од софтверски код кои одлучуваат колку роботите ќе ги перцепираат светлосните сигнали, и како ќе реагираат на истите). Роботите потоа се ставени во околина во која имало два типа на извори на светлина. Едни кои ја празнат, а други кои ја полнат батеријата на роботите. Сето ова е инспирирано од природните животни околини, каде што животните кога бараат храна можат да налетаат и на отров. После секоја фаза на набљудување роботите биле репрограмирани со отфрлање на гените од роботите кои не успевале да преживеат и замена на истите гени со оние од роботите кои покажале добри резултати. 

Кај педесеттата генерација на роботи однесувањето ги изненадило самите научници. Имено, роботите научиле да комуницираат едни со други, а почнале и да се делат во групи за барање на „храна“, при што групите кои ќе пронајдат извор на светлина ги известувале останатите за тоа дали е отров или не. Уште позбунувачко било тоа што понекогаш во една од колониите се појавувале роботи лажговци кои ќе им пренеселе лажна информација на останатите групи доколку пронајдат отров, елиминирајќи ја конкуренцијата. Страшно!

Како и да е, имало и роботи херои, кои сигнализирале опасност и се жртвувале за останатите. Флореано изјавува дека ваквото однесување е доста вообичаено кај некои животни, кои кога ќе забележат предатор испуштаат крици за да го привлечат и се жртвуваат за доброто на остатокот од групата, но и дека истото никогаш не очекувал да го види кај робот.

Оригиналната статија од Discover Magazine можете да ја прочитате овде

- Реклама -