Виновникот најден, Берта сеуште заглавена

По речиси цел месец откако „Берта“ заглави под Сиетл, надлежните конечно го најдоа виновникот. За жал, не е Трансформер, ниту некакво скриено НЛО – се работи за челична цевка со дијаметар од 20.3 сантиметри, поставена од Министерството за транспорт на Вашингтон во 2002-та, со цел да се набљудува нивото на водата по тогашниот земјотрес.

pipe

b2

Државната секретарка за транспорт, Лин Питерсон, образложи дека нема ништо спорно во целата работа, туку проблемот има фрустрирачка природа. Имено, инженерскиот тим бил известен за постоењето на цевката уште пред да започне 2 билиони вредниот тунелски проект. Дополнително, Берта веќе избушила 27.5 метри и покрај препреката, а успешно биле поставени и 15 бетонски прстени.

„Во првите 300 метри, Берта помина низ пилевина и остатоци од дрва, карпа, ПВЦ цевка и фибер-стакло. Помина низ сето ова без ниту малку да забави. Немаше никаква причина да помислиме дека челичната цевка ќе предизвика проблем од вакви размери“, вели Питерсон.

Дел од препреките што ги „соџвака“ дупчалката - челични остатоци и делови од карпа.
Дел од препреките што ги „соџвака“ дупчалката – челични остатоци и делови од карпа.

Сепак, изведувачот и работниците на теренот оставаат простор за натамошно истражување. Според нив, челичната цевка дефинитивно е фактор, но можеби не и главната причина за застојот на најголемата дупчалка на светот.

Питерсон избегна секакви предвидувања за новонастанатите финансиски трошоци, наведувајќи дека главната грижа на министерството е безбедноста на луѓето што работат со и околу Берта. Сепак, таа ги оцени новинарските проценки за пречекорување од 1 милијарда долари како превисоки.

Во меѓувреме, се работи на расчистување на патот пред најмоќната дупчалка. За вчера беше предвидено да се искористи бургија со дијаметар од 1.5 метар за да се отстрани остатокот од челичниот отпад, а следниот чекор ќе биде да се исчисти пробивната глава на дупчалката и да се утврди евентуалното постоење на други предизвикувачи на застојот. Иако решението е на повидок, за сега, Берта останува во мирување во подземјето на Сиетл.

b3

Според министерството, проектот е поделен во 10 зони, а Берта сеуште се наоѓа во првата.

Најголемата дупчалка и порано била соочена со едномесечен застој. Во 2003-тата, таа заглави по првите ископани 7.3 метри, но заради спор помеѓу персоналот и проблеми со рестартирањето.

- Реклама -