Детоксикациски напиток кој ги убива маснотиите

Во текот на новогодишните празници во телото се внесува многу повеќе масна и калорична храна од вообичаено. Токму поради тоа на вашето тело му е потребен одмор, но и чистење од внесените токсини и маснотии. Ова можете да го направите и со вкусен, лесен и здрав напиток кој помага при слабеењето и го прочистува телото.

Состојки:

– 1 литар вода
– 1/2 грејпфрут
– 1 мандарина
– 1 краставица
– 4-6 поголеми листови од нане
– мраз

– Грејпфрут – полн со витамин Ц, ги се топи мастите и ги претвора во енергија.
– Мандарини – го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и го забрзуваат трошењето на калории.
– Краставица – ја зголемува ситоста и ја намалува надуеноста. Го чисти телото од отрови.
– Нане – го забрзува и контролира варењето на храната и го смирува желудникот.

Подготовка:

1. Исечкајте ја краставицата, а грејпот и мандарините излупете ги и раздвоете ги на кришки.

2. Во голем стаклен бокал ставете ги сите состојки.

3. Прелиете ги со вода и ставете ги во фрижидер. Оставете да отстои во текот на ноќта.

4. Следното утро напитокот промешајте го и пијте го во текот на целиот ден.

- Реклама -