Црни предвидувања за 2014-та година

Највисоките свештени лица на афро-кубанската религија Сантерија, познати како балалави, предупредиле денес, на нивниот традиционален новогодишен ритуал, дека 2014-та година ќе биде година на болести, уништување на животната средина, растурени семејства и судири меѓу луѓето и државите кои би можеле да прераснат во војни.

Cuba Santeria New Year

Претставувајќи го “Годишното писмо”, извештајот на својата религиска група по мистериозниот новогодишен ритуал со верско пеење и жртвување на кокошка, коза и други животни, балалавите исто така предвиделе дека во оваа година ќе починат многу значајни политички и верски лидери. Сепак, не навеле ниту едно име.

Cuba Santeria New Year.JPEG-0ccdf

Свештениците порачале дека меѓусебното разбирање, соработка и единство се клуч за стабилна иднина, како на Куба, така и насекаде во светот.

“Дојде време младите да се отворат пред постарите, а старите да ги прифатат со раширени раце…Дијалогот е единственото решение за овој свет”, порачал еден од основачите на “Годишното писмо”, Лазаро Квеста.

Cuba Santeria New Year.JPEG-0e195

Сантеријската религија е комбинација од католицизам и африканската традиција Јоруба, а нејзините свештеници го објавуваат “Писмото” секоја година околу 1. јануари.

Американската агенција наведува дека пророштвата во главно се неодредени, но некогаш се случува да бидат точни.

new-year-17

Минатиот јануари, свештениците ја предвиделе смртта на Чавез, како и немирите во Египет и Сирија.

- Реклама -