Во 2014 година космичка појава и се заканувана нашата планета и целиот Сончев систем. Голем кисел облак опасно ни се приближува и во јуни ќе ја достигне Земјата, предупредува д- р Алберт Шервински , астрофизичар од Универзитетот во Кембриџ . Ако пресметките се точни , ефектот ќе е како излевање на вода врз испишана хартија со мастило – буквите се матни и исчезнуваат , објаснува научникот . Облакот убиец со дијаметар 16 милиони километри се појавил од црната дупка блиску до центарот на галаксијата . На патот тој уништува се – комети , астероиди , планети , ѕвезди , наведува весникот „24 часа ” . Шервински тврди дека облакот е пресретнат од опсерваторијата на НАСА „ Чандра ” уште во 2010 година , но НАСА истото го негира , за да не шири паника .
Научниците зборуваат и за друг опасен феномен – нервозно продолжува да слабее магнетното поле на Земјата , особено над јужниот Атлантски Океан .
Утврдено е дека овој процес драматично се зголемува во последните 50 години. Магнетното поле има важна функција за земскиот живот . Тоа е штит против бомбардирањето со опасното космичко зрачење , кое секој ден ја напаѓа Земјата , и неговото слабеење не прави ранливи.
Мрачни се и предвидувањата на сеизмолозите . Во многу региони ќе има земјотреси , а од нив ќе се активираат големи вулкани. Исто така ќе се кренат и бранови цунами . Најмногу се загрозени Индонезија , Австралија и Индија .
Метеоролози
Ќе се случат огромни климатски промени. Сепак, синоптичарите се разминуваат во прогнозите за 2014 година – едни прогнозираат ново ледено доба , други – глобално затоплување. Државите во океанските крајбрежните ќе станат жртва на урагани и потопи , зимата и летото ќе го сменат местото . Сето тоа силно ќе ја погоди економијата. Од климатските промени најмногу ќе настрадаат Јужна Америка и Европа .
Политиколози
Светот се насочува кон конфликти. Некои аналитичари предвидуваат почеток на глобален меѓународен конфликт во есента 2014 година, а истиот ќе го предизвикаат САД . Против својата волја ќе бидат вклучени многу земји , вклучувајќи ја и Русија . Предвидувањата на списанието „Економист” покажуваат нов бран протести на средната класа во богатите земји против мерките за штедење . Во сиромашните земји ќе избувнат нови социјални бунтови . Договорот за иранската нуклеарна програма најверојатно ќе се реализира , но преговорите ќе бидат долги, тешки и на моменти опасни . Некои од најбрзо растечките економии ќе бидат во Африка . За прв пат во историјата инфлацијата во супсахарскиот регион ќе падне растот на бруто-домашниот производ .
Пророци : Ванѓа – Чумата на XXI век – 2014 година ќе биде пресудна во животот на човештвото.
Тогаш ќе заврши Третата светска војна – поголемата конфронтација меѓу државите. Од неа силните страни ќе излезат уште посилни , а слабите ќе бидат уништени , ги толкува рускиот сајт proГОРОДА претскажувањата на бугарската пророчица Ванѓа . Ќе се заостри конфликтот меѓу радикалниот ислам и неговите противници . Антимуслиманското движење ќе се префрли од запад на исток и ќе се манифестира особено силно во Русија и Кина . Ќе стигне досега непозната болест – чума на XXI век . Тоа ќе влијае на економијата во многу земји – од воените шини светската индустрија ќе се префрли кон пребарувањето на вакцина против неа . Но дел од населението нема да го победи вирусот и само некои ќе развијат имунитет. Според Ванѓа 2014 година ќе биде врв и истовремено финале на стихијните катастрофи , кои почнаа во 2011 година.
Павел Глоба : Војна поради Олимпијадата во Сочи , ЕУ се распаѓа!
2014 – а носи немирни времиња за светската политика и економија. Во март светот ќе биде на прагот на нова војна со страшни последици. Причина за конфликтот ќе станат некои настани на Олимпијадата во Сочи . Европа и Африка ќе бидат растресени од револуции. Во сите земји ќе се зајакнат терористичките расположенија и владите ќе изгубат контрола над нив. Во Русија започнува нова економска криза , чиј врв ќе е на крајот на годината и почетокот на 2015 година. Таа ќе ја уништи економијата на земјата , а обновата ќе настапи дури по години. Европската унија ќе се распадне во резултат од елементарни непогоди. Владетелите таму ќе одлучат дека повеќе не може да се помагаат на другите земји , кога во нивните земји владее хаос , потреси и поплави кои уриваат град по град.