Се за Салвадор Дали

Денеска ќе ве носиме низ една приказна за имагинативноста, сликарството, ренесансата и еден човек. Големиот мајстор Салвадор Дали.

Салвадор Доменек Фелип Хакинт Дали Доменех (11 мај 1904 – Фигерас, 23 јануари 1989) бил шпански сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД, попознат како само Салвадор Дали.

Делото на Дали е забележливо по неговата впечатлива комбинација на бизарни халуцинантни претстави и извонредна сликарска умешност под влијание на ренесансните мајстори. Дали е уметник со огромни талент и имагинација. Тој има признаено дека често сака да прави необични нешта со цел да го привлече туѓото внимание, што некогаш ги иритира и оние што ја сакаат неговата уметност како и оние што го критикуваат, со оглед на тоа што неговиот ексцентричен однос знае да го засени неговото дело во окото на јавноста.

Цртежите му се изведени до перфекција и секогаш во простор, во кој се насетува родниот крај. По Втората светска војна се врати во Шпанија и работеше комерцијални слики во духот на католичкиот мистицизам. Со своите слики изврши големо влијание врз низа уметници од целиот свет.

Раните години

250px-Salvador_Dalí_1939Салвадор Дали се родил на 11 мај 1904, во 8:47 часот изутрина, во Фигерас, блиску до француска граница, во Каталонија, Шпанија. Неговиот постар брат исто наречен Салвадор, починал девет месеци пред тоа, на 1 aвгуст 1903. Неговиот татко, Салвадор Дали и Кузи, бил средно-класен адвокат и нотар, чиишто достигнувања биле потпомогнати од неговата жена, Фелипа Доменех Ферес, која ги охрабрила нејзините синови да бидат уметнички настроени. Кога имал пет години, Дали бил однесен на гробот на неговиот брат каде неговите родители му рекле дека тој е негова реинкарнација, во што, и тој самиот почнал да верува. За неговиот брат, Дали рекол: ”Ние двајца си наликувавме како две капки вода, но имавме различни рефлексии. Тој најверојатно беше мојата прва верзија, но сфаќал премногу апсолутистички.“ Дали исто така имал и сестра, Ана Марија, која била три години помлада. Во 1949 таа објавила книга за нејзиниот брат, Дали во очите на неговата сестра. Неговите пријатели од детството се појавуваат подоцна во фудбалскиот тим на ФК Барселона, Сагибарба и Јозеф Самитер. За време на неговите одмори во Каталонскиот ресорт, Кадакес, тие играле фудбал заедно. Дали посетувал сликарско училиште. Во 1916, Дали исто така го открил правецот на модерното сликање додека бил на одмор со фамилијата на Рамон Пишот, локален уметник кој постојано патувал во Парис. Следната година, таткото на Дали направил изложба на неговите дела во нивниот дом. Неговата прва јавна изложба била во Фигерас во 1919.

 

Мадрид и Париз

Во 1922, Дали се преселил во студентски дом во Мадрид и таму студирал на Уметничката академија, Сан Фернандо. Виткиот 1.72 м, висок 800px-Man_Ray_Salvador_DaliДали веќе привлекол внимание како ексцентрик, со долга коса и бакенбарди, капут, чорапи и панталони со колена, во стил на англиски естетичар во доцниот 19 век. Но неговите уметнички дела, каде експериментирал со кубизам, го привлекле вниманието на многумина студенти. Во неговите најрани кубистички дела, тој веројатно и не го сфатил новиот правец кој го развил, сè додека не почнале да се појавуваат натписи во тогашните списанија, во кои се укажувало дека не постоеле други кубистички сликари во Мадрид во тоа време. Дали исто така експериментирал со Дада, што многу влијаело на неговиот понатамошен живот. Во Резиденцијата, тој постанал близок пријател, меѓу другите, и со Пепин Бело, Луи Бунуел, и со поетот Федерико Гарсија Лорка. Во пријателството со Лорка имало и елементи страст, но Дали ги негирал било каквите еротски склоности на поетот. Дали бил исфрлен од академијата во 1926 кратко пред неговите завршни испити, кога констатирал дека никој од факултетот не е квалификуван доволно да го испитува неговото знаење. Неговата неприкосновеност во тоа време е забележана во неговото реалистичко дело, Кошница со леб (Basket of Bread), кое го насликал во 1926. Истата година тој за прв пат го посетил Париз каде се сретнал со Пабло Пикасо, кому Дали му се восхитувал. Пикасо веќе имал слушанато за Дали од Јоан Миро. Дали насликал многу дела инспирирани од Пикасо и Миро во наредните неколку години, како што го развивал и својот стил.

Во текот на Втората светска војна

Dali_museum

Во 1929, Дали соработувал со надреалистичниот филмски режисер Луис Буњуел на краткиот филм, Андалузиски пес (An Andalusian Dog). Тој главно бил задолжен да ја напише скриптата за филмот. Исто така таа година ја сретнал и својата муза, инспирација, и идна сопруга Гала, родена како Елена Ивановна Диаконова, руски имигрант. Истата година, Дали се соочил со важни изложби и официјално се приклучил кон надреалистичката група во Монтпарнас во Париз (иако неговата работа веќе била под влијание на надреализмот веќе две години). Во 1931, Дали насликал едно од неговите најпознати дела, Доследноста на сеќавањето (The Persistence of Memory). Понекогаш наречено “Меки Часовници” (Soft Watches) ова дело ја вовело надреалистичната слика на мекиот, топлив џебен часовник (pocket watch). Општата интерпретација на делото е дека меките часовници ја побиваат претпоставката дека времето е сурово или детерминистичко, и ова чувство е поддржано од други слики во делото, како што е широко распространетиот пејсаж и мравките. Дали и Гала, живееле заедно до 1929, а се венчале во 1934. Тие повторно се венчале со католичка церемонија во 1958. Дали бил претставен во Америка од страна на продавач на слики Жилиен Леви во 1934, и изложбата на сликите на Дали (вклучувајќи ја и Доследноста на сеќавањата) во Њујорк креирала непосредна сензација. На балот, кој бил организиран во негова чест, тој се појавил носејќи на неговите гради стаклена кутија полна со бакарни пари. Во 1936, Дали учествувал во Лондонската Интернационална надреалистичка изложба. Тој пристигнал носејќи стап за билијард и пар руски кучиња ловци на волци, па морал да го одврти шлемот што го носел бидејќи едвај дишел. Притоа прокоментирал: “Само сакав да ви покажам дека продирав длабоко во човековиот ум.” Во текот на Шпанската граѓанска војна, Дали останал аполитички настроен, борејќи се за нејзиниот што поскорен крај. Неговите надреалистички пријатели, кои биле претежно марксисти, тежнееле кон неговото исфрлување од групата. Надреалистите отсега па натаму зборувале за Дали во минато време, како тој да бил мртов. Надреалистичкото движење и некои од членовите на ова движење продолжиле да водат екстремни полемики против Дали, се до времето на неговата смрт. “Во текот на овој период Дали не престана да пишува”, напишале Роберт и Николас Дешарнес. Во 1941, тој напишал филмско сценарио за Џин Габин наречено “Moontide”. Тој направил каталози за неговите изложби како онаа во Кнодлер галеријата (во Њујорк во 1943) каде дофрлил: “Надреализмот во најмала рака ќе служеше да даде експериментален доказ дека тоталниот стерилитет и испитувања во автоматизацијата отидоа предалеку што доведе до тоталитарен систем… Денешната мрзеливост и тотален недостаток на техника го достигнаа нивниот пароксизам во психолошко значење на употребата на зборот колеџ.” Тој исто така напишал новела, издадена во 1944, за моден салон за автомобили. Само што почнала Втората светска војна во Европа, Дали и Гала се преселиле во САД во 1940, каде што живееле осум години. Во 1942, ја издал својата автобиографија, “Тајниот живот на Салвадор Дали” (The Secret Life of Salvador Dalí). Италијанска калуѓерка, Габриела Марија Берарди, тврдела дека извршила егзорцизам над Дали додека тој бил во Франција во 1947. Кај калуѓерката била најдена скулптура од Исус на крст, која што му била дадена на еден егзорцист од страна на Дали со цел да му заблагодари. Скулптурата била откриена во 2005 и двајца шпански експерти во областа на надреализмот потврдиле дека постојат адекватни стилски причини кои укажуваат дека скулптурата е направена од Дали.

Симболизам

Делата на Дали се одликуваат со распространет симболизам. На пример, меките часовници што за прв пат се појавуваат во Доследноста на сеќавањeто (The Persistence of Memory) ја поддржуваат Ајнштајновата теорија дека времето е релативно, а не фиксно. Идејата за симболичното функционирање на часовниците на ваков начин, му се јавила на Дали кога еден топол ден во август беспрестан гледал во парче сирење.

Dali.-The-Persistence-of-Memory-469x341
Слонот е исто така симбол кој се појавува во делата на Дали. Прв пат се појавил во 1944 во неговото дело, Сон предизвикан од летот на една пчела. Слоновите, инспириран од скулптурата на Џиан Лоренцо Бернини во Рим, се портретирани, со долги, повеќе споени, скоро невидливи нозе, со споменици на нивните грбови. Споени со сликата на нивните слаби нозе, овие отежнувања, креираат чувство на фантомска реалност. Салвадор Дали: “Јас сликам слики што ме прават да умрам од радост, јас креирам со апсолутна природност, без и најмала естетска грижа, јас правам нешта што ме инспирираат со длабока емоција и се трудам да ги насликам нештата искрено.”
Јајцето е друг симбол што исто така се сретнува во делата на Дали. Дали го користи јајцето да симболизира надеж и љубов. Се појавува во, Големиот Мастурбатор (The Great Masturbator), и во, Метаморфозата на Нарцис (The Metamorphosis of Narcissus). Исто така тој користи и други животни како симболи кои се провлекуваат низ неговите слики: мравките укажуваат на смрт, гниење, и огромна сексуална желба; полжавот го поврзува со човековата глава (тој видел полжав на точак пред куќата на Фројд кога и првпат го запознал Сигмунд Фројд); и скакулците кои се симбол на губиток и страв.

Извор: Википедија

- Реклама -