На што мислат мажите за време на секс?

Британско истражување покажа шокантни податоци  за тоа на  што мислат мажите за време на секс.

За време на галењето под покривката претставниците на посилниот пол мислат претежно на тројки , секс со пријателки на партнерката, секс со колешки и повеќе авантури во кревет, покажува анкетата на британското издание на списанието „Космополитен”. Околу 50 проценти од  мажите кои се во врска уживаат и  мислат на секс со својата девојка, а 18 проценти од брачните претставници на посилниот пол би сакале да спијат со својата колешка.

32 проценти  од  мажите во врска сакаат да спијат со пријателка на партнерката, а  32 отсто од слободните претставници на посилниот пол сакаат секс со поранешната. Иако повеќето учесници во истражувањето изјавиле дека спиеле со само една до три жени, енергичните 3 проценти се пофалиле дека „бројката“  надминува 100 . Само половина сепак признале дека имале секс за една ноќ.

Прашани дали би промениле нешто во сексуалното минато, 36 проценти изјавиле дека би сакале да имаат искуство со повеќе жени, а 32 проценти сакале повеќе авантури под покривката. 42 проценти од учесниците во анкетата признале дека ја изневерувале партнерката , а од нив 82 проценти  рекле дека чувствувале  вина по чинот. Тие воглавно ја навеле здодевноста како причина за изневерувањето.

1375404038000-sex-sells-1308012041_4_3

На Британските мажи им се допаѓа разновидноста, дури 37 проценти  се пофалиле дека се снимале додека имаат секс , 72 отсто  практикуваат секси разговори, а 28 проценти  се обиделе садо-мазо . Сепак, тројката останува фантазија број еден, бидејќи  повеќе од половина од 732-та анкетирани мажи изјавиле дека се подготвени да воведат трет човек во спалната соба.

Истражувањето открива и други тајни од сексуалните навики на мажите. 37 проценти од учесниците кои признале дека гледаат порно, 11 отсто од нив секој ден, изјавиле дека го  кријат тоа од партнерката,  26 од активните мажи уживаат  во стриптиз клуб, додека  15 проценти  имале секс со жена, со која се запознале на Фејсбук.

Кога биле прашани за идеалната жена, мажите изјавиле дека довербата е клучен фактор, а 76 проценти биле  категорични дека сакаат партнерка која знае што прави.

 

- Реклама -