Можеби звучи смешно, но, верувајте дека е и повеќе од едноставно и практично. Само за десетина минути труд можете да ги претворите старите чорапи во интересни ракавици, а знаете дека задоволството е двојно поголемо кога нешто ќе го изработите самите. Особено доколку резултатот е уникатен и тренди.
Се што ви е потребно се еден пар чорапи чија големина ќе соодветствува со вашата дланка, игла, конец и ножици. Во продолжение, следете ги упатствата на фотографијата.
Нијансата на вашите нови ракавици и нивната декорација е препуштена на вашата креативност и вкус.