Во долга врска сте, па вашите пријатели и роднини не можат да дочекаат да ве видат како влегувате во брачната етапа од животот.За да не ви го уништуваат расположението ваквите прашања, ви предлагаме неколку одговори кои остатокот од непријатниот разговор ќе го одложат на подолго. Или засекогаш 🙂
Kога ќе се венчаш?
Кој прашува: Некој кој ве прашал веќе 100 пати.
Што да кажете: Веројатно кога сите ќе престанат да прашуваат.
Кој прашува: Некој од колегите.
Што да кажете: Кога ќе можеме да си дозволиме. Да не сакаш да учествуваш во плаќање?
Кој прашува: Неодамна оженет/омажена пријател/ка
Што да кажете: А ти кога планираш дете?
Кој прашува: Баба или било кој, кон кого што не можете да бидете премногу груби
Што да кажете: Прв/а ќе дознаеш кога ќе дојде до тоа.
Кој прашува: Дежурна трачарка
Што да кажете: Кога успешно ќе се разведам.
Кој прашува: Било кој што сакате да го замолчите
Што да кажете: Зошто прашуваш? Ми фали нешто?