По одлуката за крајот на снимање на легендарните К-15, на ораторската вечер Иво Пухан се појави говор на оваа тема, кој особено ни го привлече вниманието.
„Одлучено е да се тргнат, да му се одземе на народот потсмевањето со сопствената мака, нешто што било наша главна одлика во најтешките моменти. Донесена е одлука да се изгаси светлото во тунелот. Зошто? Одговорот е едноставен. Затоа што момците се премногу добри. Затоа што нив им успеа нешто што на многумина политичари не им успеало. Нив ги сака народот. Тоа е факт“, вели студентот Никола Спировски.
Тој во еден дел од говорот вели: „Не може да ја развиваме Македонија како демократска држава доколку функционерите не можат да издржат нивна критика во хумористична или сатирична емисија, кое нема да биде 70 процентна, туку 120 процентна, дури и на ниво на исмевање. И околу ова прашање нема компромис! Хуморот и сатирата и требаат на Македонија! Затоа К-15 мора да се вратат“. Што мислите вие?
Погледнете го говорот, а на истото видео имате можност да ја проследите и целата Ораторска вечер „Иво Пухан“.