Талентиран Македонец од Австралија кој умее фантастично да забавува (видео)

Христијан Спировски е македонски пијанист и музичар, кој има 26 години и живее во Мелбурн, Австралија. Тој потекнува од музичко семејство во Битола каде завршува нижо и средно музичко училиште , а започнува да се занимава со оваа работа од  7 годишна возраст. Неговите почетоци се направени на  Битола на детскиот фестивал Си-До, а многумина го паметат како  учесник  на детскиот серијал „Пулси Квиз Шоу” на Македонската Телевизија, во 1999 година.

Имено, неодамна се појави кратко и интересно видео на кое Христијан ги забавува патниците на аеродромот во Мелбурн.

„Да,  моја работа веќе три месеци е да ги забавувам патниците на Аеродромот Мелбурн, и секако дека тоа го правам со класична музика, но исто и презентирајќи ја  Македонската и Балканската музика. Поради  тоа многу луѓе ме препознаваат и ми честитаат. Тоа ги прави луѓето среќни“, вели Христијан за 365.

Прочитајте и:  Австралија укинува воен сателитски систем вреден повеќе милијарди долари

[youtube]http://youtu.be/7btGLybVZbA[/youtube]

За Христијан предизвик е и Македонската музичка сцена, па тој се надева дека се ќе дојде во свое време.

„ Јас свирам класична музика, но искрено го сакам секој вид на музика, меѓу кои и  поп, фолк, џез… Од композиторите не би можел навистина да издвојам само еден, но почитувач сум на Бетовен, Моцарт, Барток и Лист. Во правец на мојата кариера секако дека една од моите амбиции е Македонската музичка сцена. Подеднакво ги сакам и пеењето и свирењето, додава Христијан.

Тој на нашите читатели им посака и среќни празници, а водено има и соодветна музичка честитка.

„Продолжете да читате 365.com.mk и да ме следите на Јутуб“, порачува Христијан.

[youtube]http://youtu.be/ApDhpjRE0H8[/youtube]

- Реклама -