Стотици илјади домови во Канада го поминаа Божиќ без струја. Ледената олуја што ја зафати земјата во неделата, ги зближи луѓето, принудувајќи ги да работат заедно и да си помагаат при обидите да ги санираат штетите предизвикани од невремето. Во меѓувреме, се што не мрда, замрзна. Еве како изгледа Торонто, или како што повеќе прилега, ледениот град.