Кинез смисли воз кој никогаш не застанува

Замислете свет во кој возовите константно се движат и ги собираат патниците од станица без да застанат. Токму тоа е визијата на кинескиот дизајнер Чен Јианјуан.

Наместо да чекате на платформа и да се провлекувате низ влезната врата на возот, доколку неговата визија заживее, патниците ќе чекаат воз на стојалиште над шините и возот.

Додека тој поминува низ станицата, таа платформа ќе се закачи на кровот на возот и ќе се движи заедно со него за да можат да се качат патниците во движење по скалила.

Според податоците кои ги нуди оцој дизајнер, возот на секоја станица ќе се задржи максимум пет минути, што на секое патување ќе заштеди многу време.

Овој нов воз ќе штеди и ногу енергија и гориво, бидејќи нема да мора да се гаси и повторно да се пали на секоја станица.

[youtube]http://youtu.be/8Y3qDlW4PzA[/youtube]

- Реклама -