Предвидувањата на Бадник

Здравје и бериќет за  Бадник  си посакуваме секоја година  на 24 декември за  католиците и протестантите, а  на шести јануари за праволсавните христијани. Во Македонија  вечерата на овој ден е семеен празник . Ова се последните часови пред Божиќ , по кои народот го осветлува патот и погодува  каква ќе биде следната година .

Според старите народни обичаи на овој ден постојат неколку претскажувања кои порано се практикувале, а од нив паричката е нешто што останало до ден денес. Погледнете кои се тие:

Паричка

lepche

Ако паричката  се паднала во лепчето за Господ или куќата , годината ќе биде  многу добра за целото семејство . Тоа се првото и второто парче , кои се остават настрана кога се дели лебот .

Јаглен

Burnt to a Crisp by Nathan Griffith

Според  јагленот исто така може да се разбере каква ќе биде  годината .Потребно е  настрана да одделите  12 парчиња јаглен  за секој еден од месеците . Колку повеќе пепел останал од нив , толку подобра и плодна ќе биде следната година .

Бршлен

brshlen

Малку луѓе знаат дека на Бадник на масата се става бршлен . По неговите листови човек може да погодува за здравје . Навечер се ставаат под перница, па  ако наутро се свежи, тоа значи човекот ќе биде здрав.

Прислушување на соседите

094870104321

Имате неомажени во семејството? Сега е време да се разбере името на идната сопруга/сопруг . Невенчаните  треба тајно да станат од масата и да ги  прислушуваат соседите. Тие ќе се омажат за човек со онакво  име , какво што прво ќе го слушнат од соседите . И најважно е дека според пророштвото , ќе го сретнат уште на  празниците.

- Реклама -