Дека е надвор многу ладно сведочи и оваа фотографија која ја направивме утрово.
Очигледно воопшто не е лесно да се биде пајак и да се избере од две зла помалото. Сув студ наспроти правосмукалка, метла, домаќинка… Сепак ова е приказна со среќен крај. Нашата Клементина успеала да спаси жива глава, па веќе се наоѓа на таванот заедно со својата фамилија, каде заедно ја украсуваат пајажината за новогодишните празници. Патем да се потсетиме на нејзината нацртана верзија од легендарната книга.