Места на кои им се заканува уништување

На светот има природни знаменитости и вештачки чуда кои поради својата атрактивност привлекуваат неверојатни милиони туристи годишно. Баш заради таа причина некои се променети и уништени, некои дури и непоправливо.

Додека некои составуваат листа на места кои треба да ги посетите, некои објавуваат листа на природни знаменитости и вештачки чуда кои би требало да престанат да бидат посетувани, бидејќи им се заканува уништување.

0604007.48
Галапагос, Еквадор

Местата за кои станува збор заради својата уникатност и убавина се многу привлечни за илјадници туристи од целиот свет и секоја година се посетувани без престан.

Толку поради таа количина на луѓе, тие места станаа загрозени, променети, а некои и уништени и тоа непоправливо.

На листата се најдоа Велигденскиот остров, Мачу Пикчу, Археолошкиот парк Анкор, Стариот град на Еуросалим, Големиот кинески ѕид и Петра.

2013-12-23 16_23_29-FOTO_ Mjesta koja treba prestati posjećivati jer im prijeti uništenje _ Magazin.
Велигденски остров, Чиле

Велигденскиот остров е познат по своите бројни големи камени статуи кои се простираат по должината на брегот. Повеќе од 50.000 туристи доаѓаат на оствовот со површина од 163,6 km2 и шетаат меѓу камените споменици, а дури и се качуваат на нив, а тука е и ерозијата предизвикана од лошите временски услови.
Износот на посетители на Мачу Пикчу довело до ерозија на почвата, а за оштетата на вегетацијата да не се ни почне да се зборува.

2013-12-23 16_23_45-FOTO_ Mjesta koja treba prestati posjećivati jer im prijeti uništenje _ Magazin.
Мачу Пикчу, Перу

Речиси 700.000 посетители годишно доаѓаат во Археолошкиот парк Анкор. Стариот град на Ерусалим е посетен од над 3.5 милиони патници, а уште од 1982 година е под заштита на UNESCO листата на Светското наследтво во опасност.

2013-12-23 16_23_57-FOTO_ Mjesta koja treba prestati posjećivati jer im prijeti uništenje _ Magazin.
Археолошки парк Анкор, Камоџа
2013-12-23 16_24_05-FOTO_ Mjesta koja treba prestati posjećivati jer im prijeti uništenje _ Magazin.
Стариот град во Ерусалим, Израел

Големиот кинески ѕид годишно го посетуваат десет милиони луѓе, некои од нив по ѕидот оставаат графити, некои крадат камења, а некои оштетени делови се непоправливи.

2013-12-23 16_24_13-FOTO_ Mjesta koja treba prestati posjećivati jer im prijeti uništenje _ Magazin.
Големиот кинески ѕид, Кина

Петра од 1985-та година е регистрирана на листата на светско наследство во Азија и Австралија на UNESCO, како „едно од највредните културни добра на наследството на човештвото“. Позната е по нејзините хеленистички структури врежени во карпите. Со 65 илјади посетители од 1986-та година, бројот се зголемил за 1 милион посетители во 2010-та година.

2013-12-23 16_24_20-FOTO_ Mjesta koja treba prestati posjećivati jer im prijeti uništenje _ Magazin.
Петра, Јордан
- Реклама -