Ferrari California ќе добие помал мотор

Соодветниот мотор во моментов се користи за новата генерација на седанот Maserati Quattroporte, а кај него тој развива 523 КЅ и 710 Nm вртежен момент. За Ferrari California агрегатот ќе биде променет, а моќноста му ќе порасне до 545 КЅ.

Сегашниот 4,3-литарски мотор на моделот располага со 490 КЅ и 505 Nm вртежен момент. Тој е во спрега со 7-степен менувач со двојна спојка, а со него од 0 до 100 km/h Ferrari California забрзува за 3.8 секунди, a максималната брзина е 312 km/h.

Исто така се очекува следната генерација на моделот да добие голем број модификации на каросеријата, преработен ентериер и нов мултимедијален систем кој ќе биде позајмена од Chrysler. Најверојатно премиерата на новото Ferrari California ќе се одржи на автосалонот во Женева во март следната година.

- Реклама -