Остатоците од сапун и минерали кои ги соджат детергентите со тек на време се натрупуваат во машината за перење алишта, што резултира со не доволно чисти алишта како некогаш. Затоа машината треба да се чисти најмалку два пати годишно, а ви откриваме наједноставни и најефтини најини на чистење.
Машина за перање алишта со предно отварање
1. Две чаши оцет или концентриран сок од лимон ставете во барабанот. Започнете циклус на миење на највисока температура за да се отстрани мирисот, дамите и насобраниот детергент во внатрешноста на машината. Оставете целиот циклус да заврши до крај.
2. Внатрешната страна и гума на вратата пребришете ја со крпа за чистење, натопена во оцет за да ги отстрани трагите од каменот и насобраната мувла.
По чистењето, оставете ја вратата од машината отворена за да може целосно да се исуши.
Машина за перење алишта со горно отварање
Се што ќе ви треба е два ипол децилитри избелувач и два ипол децилитра алкохолен оцет, а ако сте загрижени дека избелувачот може да биде премногу јако средство, прескокнете го овој чекор.
1. Наполнете ја празната машина со жешка вода, како да перете полна машина со облека. Додајте го избелувачот и пуштете ја машината да работи една минута за избелувачот да се измеша со водата. Отворете го капакот од машината и остајте така да стои еден час. Потоа затворете го капакот и пуштете ја машината да направи цел циклус и да ја исфрли водата.
2. Кога ќе заврши, повторете ја постапката, но овој пат, додадете топла вода и алкохолен оцет. Повторете исто како предходно.
Кога ќе заврши со чистењето не само што внатрешноста ќе има свеж мирис, но исто така, ќе биде мазна и беспрекорно чиста.