Оваа статија е наменета за љубителите на јајцата и за оние кои би и дале шанса на таа храна да стане дел од нивниот секојдневен живот. Всушност потрошувачката на јајца помага значително да се потисне гладта за слатки работи. Има многу малку познати факти за јајцата кои повеќето од вас сигурно не ги слушнале. Дознаете кои се тие:
Протеини
Протеинот во јајцето никогаш не се губи. Човечкото тело ја користи секоја честичка од него, бидејќи тој се разградува до аминокиселини и се апсорбира. За споредба , протеините во прав не се апсорбираат толку добро во организмот.
Среќа
Не е претерување. Навистина јајцето содржи витамин, холин, кој од своја страна се распаѓа на Бета, супстанца која се користи за време на метилација. Серотонинот, допаминот и норефинефринот се емитуваат за време на процесот. Тие се познати како хормони на среќата.
Жолчка
Бојата на жолчка од јајце варира кај различни јајца и таа зависи од храната што ја земале кокошките. Оние кои се хранети со житарици и треви богати со каротеноиди, несат јајца со изразено жолти жолчки. Бојата на жолчката не влијае врз квалитетот на јајцето.
Боја
Бојата на жолчките зависи од возраста на јајцето – свежото јајце има млечно бели, проѕирна боја. Бојата не е пресудна за хранливите материи кои се содржат во јајцата.
Долг рок на траење
Јајцата имаат долг рок на траење. Тие можат да се консумираат од три до пет недели по истекот на овој период.