Летечки Пекинезери, DJ Flooder и легендата на Чикаго хаусот Gene Farris за Нова Година во Скопје

На 31-ви декември, во 22 часот, во City Hall Center, во Скопје, ќе се одржи новогодишен концерт на Летечки Пекинезери, како и диџеј сет на Flooder и специјалниот гостин од САД, хаус легендата од Чикаго – Gene Farris.

Gene Farris е култен продуцент од Чикаго, САД, кој е присутен на светската електронска сцена повеќе од 20 години. Тој е добро познат по синергијата на речиси сите правци на електронска музика со фанк, соул, диско и џез. Оваа жива легенда на денс музиката има издадено повеќе од 100 синглови и 6 самостојни албуми за највисоко ценети дискографски куќи. Farris е добро познат кај македонската публика имајќи предвид дека досега има неколку пати гостувано во Скопје, а пред десетина години на Скопскиот Саем ја приреди и една од најнезаборавните новогодишни забави.

Последната ноќ помеѓу 2013-та и 2014-та година, ќе ја започне најпопуларниот скопски џез свинг состав во моментов, Летечки Пекинезери, со концерт до полноќ, а за преминот помеѓу нивната музика и музиката на Farris ќе се погрижи најсоодветниот човек за тоа, единствениот – Диџеј Flooder.

Пијалок на вечерта ќе биде Wild Turkey Bourbon, а сите гости ќе имаат можност да уживаат и во вкусните закуски на Домино’с и ресторан Гурмет.

Карти ќе има само во претпродажба, а истите ќе бидат достапни во сите продажни места на Купикартизасе, како и во Кино Карпош и Барбакан.

- Реклама -