Тенкиот мебел на отварање прерасна во цело движење кај оние што едноставно не можат да си дозволат помасивни дизајнерски парчиња, но тенки електрични уреди? Овој маркет-сектор е сеуште само во зачеток.
Сепак, тоа не е пречка за Cartonado, картонска ламба која доаѓа спакувана во картонски делови, кои вие самите ги составувате. Едноставно ја отварате, ги инсертирате сијалицата и кабелот и ги поставувате држачите за базата.
Cartonado, дизајн на Фабио Афонсо, не е прва од ваков тип, но убедливо води според дизајнот, стилот и атрактивноста. И додека работната верзија е едноставна и практична, ламбата доаѓа и во неколку варијанти на елегантни форми, вклучувајќи и лустери.
Уште на прв поглед, ламбата „плаче“ за да биде инспирација за вашиот следен „направи сам“ проект.