Архитектот од Ајдахо Мејси Милер решила да се спаси од плаќање на кирија и донесувањето на хипотека за заем, така што самата си изгради куќа. Живеалиштето, наречено Tiny House, ја чинело само 11 416.16 долари и една сериозна повреда. Откако останала разведена, невработена и го загубила својот дом, Милер решила да си изгради дом од соништата. Куќата, која е изградена врз приколка, се гордее со тоалетот за 2000 долари – најскап од целата изградба.
Првично Мејси инвестира 10 000 долари во домот. Во него таа располага со електрична енергија, кујна и дури употреблива бања. Таа го користи сиот достапни простор за складирање на своите лични предмети. За време на изградбата сепак Милер била подложена на инцидент. Таа паднала од покривот и добила повреда, што ја принудила да се движи со патерици со недели.