Соларни панели за вселенски мисии во форма на оригами

Тим на истражувачи од Brigham Young University со здружени сили со стручњаци за изработка на оригами создале соларни панели кои може да се соберат како оригами и притоа да зафаќаат само една десетина од вкупната површина при лансирање се до нивно целосно развиткување во вселената.

Инаку овие соларни панели во форма на оригами се наменети за производство на енергија за сателити, како и за вселенски станици.

Оваа идеја била иницирана поради големите трошоци за лансирање на предмети во вселената. Па аналогно на тоа доколку овој предложен модел се направи, истиот значително ќе ги намали трошоците за лансирање на соларни апнели во вселената.

соларни панели2

Овој предложен модел на соларни панели кога е соберен има дијаметар од 2,7 метри, а кога е во целосна големина, истиот има дијаметар од 25 метри. Покрај намалениот дијаметар, истиот би произведувал 250 киловати струја кое е доста амбициозна цел, доколку се има во предвид дека Интернационалната вселенска станица користи само 84 киловат часови произведени од 8 соларни панели.

Доколку сакате да дознаете повеќе, погледнете го видеото подолу.

Текстот е објавен во соработка со Socailnet.mk

- Реклама -