Американскиот рок пејач Лени Кравиц е фотографиран како шета низ градот во многу необична модна комбинација.
Ако судиме според фотографијата, би се рекло дека кај Лени е баш застудено, со оглед на тоа што на себе има ќебе наместо шал.
Дали е тоа неговиот моден детел или навистина му е толку ладно, останува мистерија.
Сепак, за да го преживее студениот ден или само да привлече внимание, пејачот облекол: кошула, јакна, панталони, топли чизми и ставил зимска волнена капа.
Очигледно е дека сакал на луѓето да им покаже дека е зиморлив, бидејќи сете таа гардероба не му била доволна, па стајлингот го завршил со ќебе-шал.