Освен вообичаената руска салата, сарма и кифлички, време е и да почнете да размислувате за тоа како оваа година да и дадете вистински празничен дух на вашата трпеза.
Десертот е секако неизоставен, а за многумина и омилен дел од оброкот, па зошто да не посветите екстра внимание токму на него. Имено, ви предлагаме да направите супер интересни декорации на вашите слатки, на кои никој нема да остане рамнодушен. Истите можеби бараат малку повеќе време, декоративни материјали и посветеност, но кога ќе ги погледнете резултатите, ќе сфатите дека трудот се исплател.
Па, еднаш во годината е Нова година, нели?