Љубовна приказна: Ја барал цела година и конечно ја пронашол, но…

Очајно младо момче конечно успеало да ја пронајде девојката со која се запознало за Нова Година.

Имено, Ресе  МекКе (25) од Нов Зеланд на Фејсбук ставил фотографија од американка, а под истата напишал приказна за вечерта која се случила пред една година во Хонг Конг:

– Шетав наоколу и им се восхитував на новогодишните лампиони на кои светкаше „2013-та“, а тогаш здогледав девојка која плаче на сред улица. Рече дека ги изгубила своите пријатели. Јас успеав да ја насмеам и до утредента игравме, пиевме и разговаравме. Тогаш стапи во контакт со своите пријатели и замина.

Пред да исчезне, ја фотографирав, а таа ми рече  „Пронајди ме“, вели МекКе.

Знаев дека се вика „Кети“ и дека живее некаде во Вашингтон.

Фејсбук страната собрала бројни фанови и тие му помогнале да ја пронајде. Но, Кети ја „затрупале“ пораки, поради што таа го избришала својот профил на сите друштвени мрежи за неколку часа.

– Излезе од контрола, ја следеа секоја Кети во Вашингтон, вели дечкото и додава дека не успеал да дојде до неа, па сега чека таа самата да му се јави.

Не можам ништо да тврдам. Можеби таа не сака да разговара со мене.

– Една година е доволно некој да се омажи, да пројде низ некоја врска или да роди дете, напишале некои блогери.

И тој самиот ја избришал страната на која ја барал Кети.

Сепак, вели дека се уште се надева.

– Шансите да ја пронајдам се една према милион, но се надевам дека ќе стапиме во контакт за да и се заблагодарам, ова за мене беше година на промени, а започна раа вечер, вели заљубеното момче.

- Реклама -