Неколку факти за снегот кои не сте ги знаеле

snowflake_4pp85Уште во основно училиште сме учеле дека Ескимите имаат стотина изрази
за снег или пак дека не постојат две идентични снегулки. Всушност, не
излажале. Еве и неколку други интересни факти за снегот кои можеби не
сте ги знаеле.


snowflake_485Уште во основно училиште сме учеле дека Ескимите имаат стотина изрази за снег или пак дека не постојат две идентични снегулки. Всушност, не излажале. Еве и неколку други интересни факти за снегот кои можеби не сте ги знаеле.

1. Снегот е минерал,како дијамантите или солта.

2. Повеќето снегулки не личат на оние декоративни снегулки кои децата ги прават од хартија. Всушност тие се мноштво од перфектно симетрични кристали залепени еден со друг.
 
3. Нема две исти снегулки? Тоа всушност не е точно. Повеќето кристали се речиси идентични во нивните рани стадиуми на создавање, а и некои од целосно формираните снегулки многу си личат една на друга.

4. Во центарот на речиси секој снежен кристал има мала честичка прашина, која може, покрај другото, да биде и честичка од вселената.

5. Како што кристалот се формира во снегулка, неговата форма се менува во зависност од влажноста,температурата и ветерот; историјата на патувањето на снегулката до паѓањето на Земјата се содржи во нејзината комплексна структура.

6. Свежо паднатиот снег е вообичаено 90-95% воздух, што го прави добар топлотен изолатор.

7. „Снежна грмотевица” – снежна вејавица со грмотевици – се случува, но многу ретко.  Сепак некои научници претпоставуваат дека секоја грмотевица, воопшто, се случува заради  снегот: снежните кристали во облаците се судираат и предизвикуваат електрицитет.

8. Според Гинисовата книга на рекорди најголемата снегулка со пречник од  38,1 см е забележана во Монтана во 1887 година.

9. Забележани се случаеви кога на некои места заврнал црвен, жолт или црн снег, што најверојатно се должи на полен, прашина, пепел или чад што ги донел ветрот.

Прочитајте и:  Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

10. Во некои делови од САД врне црвен снег со мирис и вкус на свежа лубеница, што се должи на вид пигментирани алги кои живеат во снегот.

11. Нема потреба од шепотење: гласното зборување, викање и други силни звуци не можат да срушат лавина.

12.  Најбелото место во САД е Валдез во Алјаска каде што во просек заврнува по 828см снег годишно.

13. Од друга страна, пак, не врне многу снег на половите, повеќето снежни виулици таму се всушност стар снег оддуван од ветрот.

14. На Антарктикот, снегот ги одбива звучните бранови со неверојатна ефикасност. Некои истражувачи што престојувале таму, тврдат дека може да се слушне човечки глас на далечина од речиси два километри.

15. Не верувајте во легендата дека Ескимите имаат стотици изрази за снег. Повеќето лингвисти тврдат дека всушност се работи за повеќе дијалекти, такашто тоа би било како да се брои колку изрази за љубов има во Европа.

16. Првите фотографии од снежните кристали ги направил во 1885 година Вилсон Бентли, кој заради ова бил наречен – Снегулката. Откако сликал околу 5.000 фасцинантни кристали,умрел од пневмонија.

17. Премногу снег може да доведе до психички пореметувања. Кај луѓето што живеат на Арктикот се појавува еден вид хистерија која предизвикува голем број различни симптоми, вклучувајќi [[echolalia]] (бесмислено повторување одредени зборови) и трчање гол во снегот.

18. Ледена епоха: според оваа теорија, пред околу 600 милиони години нашата планета целосно била покриена со снег и мраз, меѓутоа други научници го побиваат ова тврдење со аргументот дека никаква посложена форма на живот не би можела да преживее во такви услови.

- Реклама -