Време е да пливаме во пари, буквално!

Драги Земјани и вечни сонувачи, сега можете да пливате во пари – буквално! Банка од Базел, Швајцарија, го даде на аукција својот сеф полн со 8 милиони швајцарски монети од 5 центи. Оној што ќе понуди најмногу, ќе добие шанса да го оствари сонот што секое дете и секој возрасен го имале барем еднаш во животот. И не само тоа, сефот ќе ви биде испорачан било каде во светот, без потреба вие да отидете до него.

ku-xlarge[1]

Ова е непроценлива прилика за богатите. 8-те милиони парички тежат 15 тона и вредат околу 450.000 американски долари.

Е па, бујрум народе. Учествувајте на аукцијата, понудете базен од пари и купете базен со пари! Не само што ќе можете да уживате во него, туку ќе можете и да го изнајмувате на обични смртници, па и да направите профит. Секој би платил за вакво задоволство, зарем не?

Прочитајте и:  Во хотел во Јоркшир пронајдени  sидните лампи на Мадам де Помпадур од 1 милион фунти 

- Реклама -