Сосема влегла во улогата: Актерката – зомби од „The Walking Dead“ го труела Обама

Aктерката  од Тексас,  Шенон Ричардсон е обвинета за праќање отровни писма на американскиот претседател Барак Обама и на поранешниот градоначалник Њујорк Мајкл Блумерг, обајви  Би-Би-Си.
Имено, 35-годишната актерка ,  прво го обвинила својот сопруг за отровните писма, но полицијата тврди дека таа ги пратила.

Полицијата тврди дека Ричардсон ги контактирала ФБИ на 30. мај, со цел  да го обвини сопругот за праќањето на отровните писма, но  истражните органи утврдиле дека постојат бројни неправилности во нејзината приказна, па таа била подложена да помине на детектор за лаги каде се покажала неуспешно.

Иронијата е во тоа што Шенон Ричардсон  минатите години стана позната по улогите во  сериите „The Walking Dead“, „Vampire Diaries“ и во филмот „The Blind Side“.

– Тоа што го имаше во писмото не е ништо во споредба со тоа што ве чека, господинe претседателе. Ќе мора да ме убиете и мене и моето семејство пред да ми го одземете оружјето. Секој кој ќе се обиде да се доближи до мојата куќа ќе добие куршум во лицето – пишувало во писмото наменето за Обама.

zombina

- Реклама -