Пациентите заболени од рак, биле повикани од страна на една белгиска фондација, со цел барем на момент да се почувствуваат безгрижно, после дијагнозата, а тој момент да биде одбележан на камера.
Проектот кој носи наслов „ Барем на една секунда“, е реализиран така што 20 пациенти биле повикани на бесплатна промена на изгледот која ја правеле професионални фризери и шминкери. Единствен услов кој заболените требале да го исполнат бил во текот на разубавувањето да ги држат затворени очите, за да се зголеми ефектот на изненадување.
Меѓутоа, наместо вообичаена промена, стилистите им приредиле ексцентрични изгледи, а фотографот ги забележал нивните реакции кога за прв пат се погледнале во огледало. Од тие фотографии настанала и книга која го носи истото име како и проектот.
Некои пациенти биле згрозени на прв поглед, некои се изнасмеале, но крајната реакција кај сите биле иста – со воодушевување го посматрале својот нов, невообичаен изглед.