Четири начини како да носите маичка во риги

Независно од тоа во кои бои се ригите, маичките со ваков дезен се идеални за летната сезона. Иако најчесто доаѓаат во спортска варијанта, постојат неколку начини со кои и маичките во риги може да изгледаат елегантно.

Ригите одат со риги

Маичката со хоризонтални риги совршено ќе се спои со летно здолниште во неутрална боја и хоризонтални риги. Сепак, одлучете се за само едно парче во доминантна боја. Значи, ако одберете маичка во смела жолта боја, неутрализирајте ја комбинацијата со здолниште во бела или сива боја.

Во комбинација со тексас

Маичката со тегет-бели риги ќе изгледа совршено ако ја носите со тексасен шорц и кошула или јакна од истиот материјал.

Макси-здолниште

Во топлите летни денови, ригите носете ги со долго и неутрално макси-здолниште и со впечатливи римјанки. Здолништетото нека биде еднобојно.

Деловен стил

Разиграните риги може добро да се вклопат и во вашиот професионален изглед, ако ги носите во комбинација со омиленото сако и со пантолани со висок струк или со здолниште над колената.

- Реклама -