Жените имаат многу очекувања од мажите, а делумно ги обликувале од бајките и принцовите со бел коњ, романтичните филмови и песни. И фантазиите често се мешаат со реалноста во која не постои идеален човек.
Точно знае што треба да каже
Едно од нереалните очекувања на жените е дека партерот треба да има секогаш правилен збор за нив. Тоа е така во филмовите, но не и во реалниот свет. Или барем многу, многу ретко. Всушност, поголема е веројатноста дека ќе кажат нешто сосема спротивно на она што сакате да го чуете. Но, запамтете, во тие моменти вас не ве разочарал партнерот, туку вие сте се разочарале себеси, бидејќи ваш водич за избор на партнери се измислени ликови.
Тие ќе се борат за вас, без разлика на сѐ
Во вистинскиот живот не постојат момци кои ќе брзаат до аеродромот за да го стопираат авионот за да не заминете, ниту пак ќе стојат цела ноќ на студено пред вашата врата и да се надеваат дека ќе се предомислите и ќе останете со нив во врска. Може да се обиде нешто да направи за да ве врати, но не можете да се надевате на вакви екстремни сцени. Престанете да верувате дека ќе ве чекаат или страдаат за вас цел живот, и вратете се во реалноста.
Целосно ве разбираат
Жените често бараат партнер кој апсолутно ќе го разбере секој дел од неа. Сепак, другите луѓе не можат да знаат што се случува во вашата глава, како што ни вие не можете да влезете во нивната глава. Ако сте во потрага по човек кој чита мисли, помирете се со неуспех. Тоа се сосема нереални и недостижни очекувања.
Принц на бел коњ
Поголемиот дел од жените имаат листа на особини кои сакаат да ги поседува нивниот партнер. Трагаме за човек кој е згоден, духовит, паметен, стрплив и лојален. Сите го бараат принцот на бел коњ. Иако тие се сфесни дека не постојат, жените поради некоја причина сеуште потсфесно се надеваат на него.
За сѐ ќе се погрижат
Една од родовните улоги во општеството се сеуште оние дека мажите мора да бидат одговорно за семејството. Вистинскиот маж финансиски ќе го осигура семејството и за секој проблем ќе најде решение. Бидете реални, колку луѓе се во можност навистина да ги постигнат сите работи. Овие очекувања за мажите претставуваат голем притисок. И додека за некои постигнуваат тие квалитети да ги остварат, други многу тешко можат да го стигната тој „стандард“.
И мажествен и чуствителен
Тој треба да биде заштитник на семејството, односно мажествен и силен. Во исто време, би било пожелно да биде потполна спротивност на самиот себе и да има емотивна и чуствителна страна. За мажите тоа е прилично збунувачко.
Вечен романтичар
Не секој маж кој чекори на планетава има романтична душа во себе. Жените очекуваат од партнерот да направи нешто романтично, а потоа и таков да остане, и секој пат да се надминува себеси. Тешко е да се справи со такви очекувања.